-Недела е одличен ден за рефлексија на постигнувањата од изминатата седмица. Иако скратена, имавме полна недела со активности, а таква ќе биде и идната. – порача на социјалните мрежи вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски споделувајќи видео во кое, по денови се гледаат, активностите кои беа превземени од надлежните, во изминатата недела, со цел подобрување на животот на граѓаните.