Влезот во ЕУ – ќе значи и многу нови правила. Иако преговорите стартуваат со најсензитивните прашања од поглавјата за корупција и слобода, сепак, најзначајната и можеби најобемна област што ќе треба да се регулира е земјоделството.
Главната цел на заедничката земјоделска политика е да се обезбеди стабилно снабдување на пазарите со земјоделски производи по пристапни цени од една страна и соодветен приход за земјоделците од друга страна. Со влезот во ЕУ – се отвора и пазар од 500 милиони потрошувачи, како и голем број на европски фондови.
Колку Македонија е подготвена за старт на преговoрите?
Во продолжение проследете го целосното интервју на 24Вести со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.