(ВИДЕО) Николовски: Се гради експресниот пат Крива Паланка – Ранковце, како и третата лента од патот Крива Паланка – Деве Баир

-Kривопаланечкиот регион е вратата на нашата држава кон северо-истокот и неговиот инфраструктурен развој е од исклучителна важност за меѓународната соработка и економскиот прогрес, вели вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурс Љупчо Николовски.
-За прв пат, по цели 40 години се рехабилитирани регионалниот пат Крива Паланка – Огут и Крива Паланка – Луке, рехабилитиран е регионалниот пат Ранковце – Крива Паланка, како и делницата Узем-Тораница. Се гради експресниот пат Крива Паланка – Ранковце, како и третата лента од патот Крива Паланка – Деве Баир.
-Повикувам и сите останати региони да го следат позитивниот пример и да се грижат за обезбедување лесна и достапна комуникација на луѓето и трговијата со стоки и услуги, дециден е Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e