„До 2016 година имавме заробена држава, а денеска имаме држава којашто е членка на НАТО. СДСМ е гарант за сигурната иднина на сите граѓани и за идните генерации“ – е порачата која ја упати вицепремиерот за борба против корупција и генерален секретар на СДСМ Љупчо Николовски на вчерашната граѓанска трибина во Прилеп.
„Синоќешната трибина на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во Прилеп, го покажа она што е повеќе од очигледно: дека СДСМ е најдоброто за нашата општина!Единствени и обединети, со победата на претстојните локални избори, СДСМ ја продолжува победничката серија!“, порача првиот човек на Царинската управа Горан Сугарески.
„СДСМ прерасна во најпрогресивната, најдемократска и најголема партија во државата. Денес, со гордост можеме да истакнеме дека сме дел од партијата која ја влече државата напред, партијата која носи добробит за сите граѓани подеднакво.“, оцени пратеникот Миле Талевски.