(ВИДЕО) Николовски: Oд почетокот на годината се исплатени 72 милиони денари на земјоделците од радовишко

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, советничката за земјоделство на премиерот, Ленче Николовска, директорката на УЈП,Сања Лукаревска, директорите на Платежната агенција и на Државниот инспекторат за земјоделство, Николче Бабовски и Јане Станкоски, денеска беа во посета на општината Конче, каде што присуствуваа на трибина за состојбите во земјоделството.


Министерот Николовски, потенцираше дека освен новиот модел во три нивоа за зголемено субвенционирање на тутунот, со одредбите од новиот Закон за тутун и тутунски производи, од следната година, значително ќе се олесни административната процедура за земјоделците при склучувањето на договорите со откупните компании.

„Со носењето на новиот Закон за тутун и тутунски производи се укинува поднесувањето на евидентните листови. Од аспект на исплата на субвенциите сметам дека е битно исто така да се потенцира од оваа година после расчистувањето на неисплатените субвенции од претходните години, кое што во партнерство со Платежната агенција беше реализирано, ова ќе биде година во која што земјоделците ќе ги добиваат субвенциите тогаш кога им се потребни, односно на почетокот на самата сезона. Заврши исплатата по однос на разни мерки и во радовишко Конче, односно од почетокот на годината досега се исплатени 72 милиони денари на земјоделците од радовишко по однос на различни мерки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e