“По повикот за алармантната состојба во тиквешкиот регион, поврзано со откупот на грозјето, веднаш дојдовме да ги посетиме и откупните пунктови, но и да се сретнеме со лозарите. Јас сум згрозен од она што го видов денес овде, и од неспособноста на институциите и државата во решавањето на проблемите.” – изјави дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
Николовски понатаму нагласи дека се врши притисок врз лозарите и се прави вештачка атмосфера и проблеми за кои некој потоа треба да дојде и да ги решава. Тој упати апел до владата, Собранието на РМ и надлежните институции, за како што кажа, веднаш да се изнајдат решенија за овие проблеми.
“Инспекторите да кренат раце од лозарите, процесот на откуп на грозјето да тече без проблеми и тензии но и да се плати за трудот и маката на лозарите. Проблемите државата мора да ги решава системски а не паушално.” – додаде дополнителниот заменик министер.