(ВИДЕО) Николовски: Нема вистина во мрачните брифинзи на Мицкоски

Нема вистина во мрачните брифинзи на Христијан Мицкоски, истакна вицепремиерот за задолжен за борба со корупција Љупчо Николовски на седница за пратенички прашања.

„Го повикувам Министерството за внатрешни работи да ги објави сите документи, да преземе соодветни мерки согласно своите надлежности и да ја информира јавноста.
Особено што јавно објавените документи потпишани од Началник во МВР поставен од Наќе Чулев за време на техничката Влада отвораат основани сомнежи.
Можеби дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ мораат да го следат Мицкоски во неговите лаги и да ги шират и од Собранието. Но, народот гледа и знае многу добро кој работи за нив а кој шири магла, што е вистина а што не е.
Вака гласни требаше да бидат во барањето поддршка на законите кои се во интерес на граѓаните наместо да ги блокираат“, посочи Николовски.

Николовски нагласи дека стравот е уште поголем во ВМРО-ДПМНЕ поради имплементација на #ПланотЗаБорбаПротив Корупцијата.

„Верувам дека ќе дојде време и ВМРО-ДПМНЕ да се реформира, па наместо за лаги, за невистини, за манипулации и одбрана на криминал ќе зборуваме за идеи, за проекти, за концепти со кои ќе се натпреваруваме“, потенцираше Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e