(ВИДЕО) Николовски на струмичките земјоделци им ги најави новите политики за развој на земјоделството

Организирано производство и сигурен пласман на производите, е еден од моделите за развиено и конкурентно земјоделство.
На оваа тема денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со директорите на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и на Државниот инспекторат за земјоделство, Николче Бабовски и Јане Станкоски, разговараа на заедничката трибина со земјоделците и откупувачите на земјоделски производи во струмичкиот регион.

28951360_2116221278599400_9156538273258195008_n

На трибината се разговараше и за мерките на Владата за развој на земјоделство, како што е воведувањето на евтината зелена нафта за намалување на трошоците во земјоделското производство, но и за сите други мерки.

Од трибината произлегоа предлози од двете страни, кои што како што велат од ресорното министерство ќе бидат искористени во планирањето на политиките, се со цел да обезбедат цврсто договорно производство и сигурен пласман.

28795513_2116221205266074_4875972074972360641_n

Воедно од страна на министерот, присутните, беа информирани и за заклучоците кои се донесоа со министерот за трговија, туризам и телекомуникации на Република Србија, Расим Љајиќ, а кои се во насока на унапредување на трговската размена со Србија, која што како пазар е важна за пласман, особено на македонските градинарски производи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e