(ВИДЕО) Николовски на изградба на Речица-Равен: Го решаваме наводнувањето под Шарскиот регион

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, претседателот на ДУИ, Али Ахмети и градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, денеска присуствуваше на отпочнувањето на градежните активности на системот за наводнување во Равен – Речица, тетовско.

40475530_2246506995570827_7893231037629595648_o

40332121_2246506568904203_7316595561761603584_o

Министерот Николовски пред присутните се обрати со зборовите дека, со изградбата на системот за наводнување Равен – Речица, ќе се реши наводнувањето под Шарскиот регион.

40533152_2246506562237537_2435184149741436928_o

„Ќе овозможиме овој регион да нема проблеми со производството на надалеку познатите тетовски грав и пченка, но и успешни реколти на други култури кои се садат во овој регион. Во овој период кога како Влада сме силно фокусирани на забрзување на евроинтеграцискиот процес, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, посветено работи на усогласување на нашето земјоделство со европските регулативи. А во целиот процес, наводнувањето на земјоделските површини има клучна улога. Затоа како ресорно министерство интензивно работиме на реализација и на други крупни капитални инвестиции во водостопанството, со крајна цел да ги зголемиме наводнуваните површини“, рече министерот Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e