(ВИДЕО) Николовски: Лозарите мора да ги добијат тешко заработените пари

Одговарајки на пратенички прашања, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, на денешната собраниска седница потенцираше дека се работи на целосно расчистување на долговите што винарницата „Повардарие“ ги има кон лозарите.

“Паралелно, го решаваме и проблемот со винарницата „Стефанс винери“, за која што веќе е отворена предстечајна постапка, а лозарите како најголеми доверители ќе бидат први исплатени. Лозарите мора да ги добијат тешко заработените пари.

Пред почетокот на новата реколта исплативме над 600 милиони денари субвенции за одржување на лозови насади, а наскоро ќе биде исплатена и ветената дополнителна субвенција од 2 денари за килограм предадено грозје. Оваа пракса ја продолжуваме за сите земјоделски гранки.” – посочи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e