Еднаквоста пред законот е основно начело по кое се водиме!, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
„Партиската припадност или кој било друг параметар не играат никаква улога при санкционирањето на високите функционери.
Целта е функционерите да ја вршат својата работа онака како што треба, а сите контролори на нивното делување да се вршат непристрасно и неселективно“, посочи Николовски.