Караванот на граѓанската акција „Ние одлучуваме!” на 30.10.2016 го посети Градскиот парк во Скопje. Активистите преку мегафони испраќаа пораки до граѓаните кои шетаа во паркот да не потклекнуваат на притисоци и дека на денот на изборите само нивната волja преку нивниот глас е одлучувачка.
Граѓанската акција НИЕ ОДЛУЧУВАМЕ! Бараме промени! Можеме подобро! има за цел да ги информира, мотивира и охрабри граѓаните да учествуваат на предвремените парламентарни избори во 2016 година, да ги регистрира злоупотребите на јавните ресурси и институции за изборни цели, како и заканите и заплашувањата кон граѓаните за остварување на избирачкото право.