Веднаш по пристигнувањето во Македонија, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг се сретна со премиерот Зоран Заев. Според информации на Телевизија 24, се работи за неформална вечера во еден од скопските ресторани.
Нашата камера го регистрираше конвојот од автомобили кој се упати кон ресторанот, чие име од безбедносни причини нема да го соопштиме. Најпрво пристигна домаќинот, а 20 тина минути подоцна дојде и гостинот, директно од скопскиот аеродром. Вечерата започна околу 19 часот.