Лозарите мора да ги добијат парите кои им ги должат Стефани и Повардарие.
-Крајно и лицемерно е што Мицковски, лидерот на партијата која го дозволи криминалот во винаријата Стефани, сега глуми загриженост за лозарите. Ако ВМРО ДПМНЕ вистински се грижеше немаше да дозволи Повардарие да откупува вино со неисплатени обврски кон лозарите, изјави на денешната прес конференција, Трајче Кулев, претседател на здружението “Напредни лозари” од Кавадарци.
-Пратеничката Весна Пемова, која гордо стои зад Мицковски, со години збор нема кажано во Собранието за долговите кои ги остави нејзиното ВМРО. Нема да дозволиме вакви политички манипулации и злоупотреба на лозарите за политички цели. Лозарите пред само неколку дена беа во Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, каде отворено разговараа за проблемот со Повардарие и преостанатиот долг со министерот Љупчо Николовски и сите засегнати страни. На самата средба беше најавено дека министерот Николовски во сабота, ќе дојде во посета на Кавадарци и ќе го соопшти решението што Владата го има донесено за случајот Повардарие, потенцира Кулев.
То јавно се заблагодари, за како што вели, решителноста на сите чинители, премиерот Зоран Заев кој доаѓаше и тука во Кавадарци, министерот за земјоделство Љупчо Николовски, градоначалниците и пратениците од регионот и службите на МЗШВ, со кои преку конструктивни средби заеднички наоѓаме решение за овој проблем.
Целата прес конференција погледнете ја на видеото подолу: