(ВИДЕО НАЈАВА) Вечерва во 360°: За исходот од првиот круг, очекувањата пред вториот, меѓуетничките коалиции…

Новото издание на емисијата „360 степени“, во кое на теми поврзани со изборите дебатираат Бојан Маричиќ (СДСМ), Бујар Османи (ДУИ), Антонио Милошоски (ВМРО-ДПМНЕ) и Елми Азири (АА/А), се емитува вечерва (22 октомври 2021 г.) од 21:45 часот на ТВ Алсат

Истекува петтиот ден по првиот круг од локалните избори, а од кампањата пред вториот остануваат уште седум дена. Во овој момент, кој е своевидна вододелница на повеќе нивоа, ќе видите дебата – соочување на претставници на четирите најголеми партиско-политички блока во државава: Бојан Маричиќ од СДСМ и коалицијата, Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Бујар Османи од ДУИ и Елми Азири од коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива. Зборуваме за исходот од првиот круг, функционирањето на меѓуетничките коалиции и нивното значење во вториот круг, за тоа дали резултатот од локалните избори треба и може да има влијание на мнозинството во Собранието и Владата. Притоа, секој учесник во дебатата ќе има исто време за одговор на секое од прашањата – 90 секунди, за реплика – 60 секунди и за контрареплика – 30 секунди. Редоследот на одговарање го утврдивме со ждрепка пред снимањето на емисијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e