(ВИДЕО НАЈАВА) Вечерва во 360°: Димитров најавува засилен ангажман на португалското претседателство за пробив во ЕУ во јуни

Новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (17 мај 2021 г.) од 22 часот на ТВ Алсат

Во „360 степени“ вечерва објавуваме:

– И покрај техничката влада во Бугарија, вицепремиерот за европски прашања во интервју за „360 степени“ најавува интензивирање на контактите на релација Скопје-Софија и засилен ангажман на португалското претседателство со ЕУ за деблокада на евроинтеграциите на Северна Македонија во јуни;

– По конгресот на СДСМ – каков е политичкиот профил на новата заменик-претседателка Сања Лукаревска и зошто се повлече Радмила Шекеринска;

– Случај со нелегална градба на државно земјиште во Бутел, во кој се спомнува сопругот на градоначалничката на Арачиново – појавувањето на камерата на „360 степени“ ја смени приказната за само три дена;

– Ќе има ли интерес кај деветтоодделенците за упис во новоотворените 97 дуални паралелки – МОН, училиштата и компаниите во обид да ги уверат дека избор на средно стручно е инвестиција во извесна иднина;

– „Саботажа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e