(ВИДЕО НАЈАВА) Еве што ќе гледате во вечерашното издание на „360 степени“

Во „360 степени“ на ТВ Алсат вечерва (16 март 2020 г.) од 22:00 часот:

-првото жариште на коронавирусот во земјава не е ни Дебар ни Центар Жупа, туку селото Баланци во општина Центар Жупа – „360 степени“ беше во Баланци непосредно пред прогласувањето кризна состојба;

-помина половина од периодот за инкубација а околу двете лица во изолација, кои беа во контакт со заразената директорка на кожната клиника – епидемиолозите редовно ја следат состојбата;

-српскиот претседател Вучиќ вели дека учениците во неговата земја најверојатно нема да се вратат во училиштата до крајот на учебната година – како ќе биде во Македонија;

-научниците во Германија во трка со времето да развијат вакцина за коронавирусот: Трамп им понудил огромна сума пари за САД ексклузивно да ги имаат правата од нивната работа;

-бизнисот со „бесплатните“ учебници и донел профит од 63% на една издавачка куќа – истражување на „360 степени“ и БИРН;

-„Саботажа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e