(ВИДЕО НАЈАВА) Еве што ќе гледате вечерва во „360 степени“ на ТВ Алсат

Новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (19 април 2021 г.) од 22 часот на ТВ Алсат

Во вечерашнава емисија ќе гледате:

-Волвото во кое го „уловивме“ Драги Рашковски го поседува фирма на еден од хонорарците чии имиња Владата првично ги криеше; Авторските договори, со месечен хонорар од 30 000 до 50 000 денари, му ги потпишувал лично Рашковски;

-Наводен хрватски експерт што работи на ЕУ-проект во Македонија креира јавно мислење – твитовите со жестока критика до власта завршуваат како вести во дел од порталите; Прашавме во Делегацијата на ЕУ – знаат ли за Лука Андраши (@AndrassyLuka) и имаат ли проект со ознака PS12US92, како што тврди тој/таа;

-Зошто нема суспензија за ДУП-от кај „Холидеј ин“ при важечки заклучок од Советот на Општина Центар и може ли да има;

-Ви се случило ли да бидете казнети за сообраќаен прекршок, а следен чекор да биде – блокирана банкарска сметка, без претходно предупредување? За вакво искуство раскажува Дрилон Исени од Тетово. Проверивме каде е проблемот;

-„Саботажа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e