(ВИДЕО НАЈАВА) Еве што ќе гледате вечерва во „360 степени“ на ТВ Алсат

Емисијата „360 степени“, во која тема е првостепената пресуда за случајот „Таргет-Тврдина“, се емитува вечерва (26 февруари 2021 г.) од 22:00 часот на ТВ Алсат.

Сашо Мијалков доби 12-годишна затворска казна за случајот со масовното незаконско прислушување и заврши во притвор во Шутка. Ова е веста на денот и таа го менува јавниот дискурс низ кој деновиве се перципираше и коментираше бегството на Мијалков. Меѓу осудените е и тогашната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска. Со првостепената пресуда се констатира дека прислушувањето е вршено во тогашната Управа за безбедност и контраразузнавање, а не со жолти комбиња.

Кои се пораките што ги испраќа денешната пресуда? Дали, во меѓувреме, е научена лекцијата и дали опремата и прислушувањето се под соодветна контрола и надзор? За ова вечерва разговараме со универзитетската професорка по казнено право, Беса Арифи, претседателот на Македонско здружение на млади правници, Зоран Дранговски и постариот истражувач во Центарот за европски стратегии „Евротинк“, Александар Стојановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e