(ВИДЕО) Милошоски избегал, не сакал да ги погледне документите за кои вeли дека се лажни

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, по излегувањето од судот избега и не сакаше да одговори за каква кражба и какво фалсификување е осуден во Германија, односно да демантира дека документите не се точни. „А1он“ ги носеше документите од Германија и од судот во Тетотво и сакаше лично Милошоски да ги прочита и да укаже што во нив е неточно или манипулација, но наместо тоа тој избега.


Не ги искоментирал и документите кои ги објави „А1он“, според кои, тој бил осуден пред да стане пратеник, па министер за надворешни работи. Милошоски наместо конкретен одговор, повторно ја префрли темата од себе на Зоран Заев.

„Манипулациите на аболицираниот криминалец Зоран Заев мислам дека се видоа во случајот ‘Монструм’. Не би имал друг коментар освен дека Заев очајно бара да манипулира бидејќи е аболициран криминалец“, рече Милошоски без да одговори за каква кражба и фалсификување е осуден во Германија.

Милошоски и покрај неколкуте обиди не одговори дали објавената казнена евиденција е точна, а со која се потврдува дека тој е осудуван. Неговиот адвокат кој го придружуваше на судењето за „Монструм“ го штитеше за да не му се поставуваат дополнителни прашања.

„Господинот Заев како аболициран криминалец. Ви благодарам многу, поздравете го аболицираниот криминалец Зоран Заев“, кажа Милошоски прашан дали евиденцијата од казнената евиденција издадена од тетовскиот суд е точна, а со тоа сакајќи да му даде политчко партиски контекст на целиот случај.

Извор: А1он

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e