(ВИДЕО) Мијалков и Тачи дојдоа на судење за изборни нерегуларности – рочиштето за „Титаник 2“ се одложи

Мендух Тачи, Сашо Мијалков заедно со поранешните членови на ДИК, Сашо Срцев, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Бедредин Ибраими за прв пат седнаа во обвинтелните клупи за Титаник 2.

Сепак, првото рочиште за предметот кој СЈО го води за изборни нерегуларности се одложи за 10 мај . До тогаш одбраната на обвинетите ќе има простор да се запознае со прочистеното обвинение кое СЈО денеска го достави. Во него не се опфатени петтемина судии од Управниот суд.
Предметот на СЈО „Титаник 2“ се води за изборни нерегуларности во врска со локалните избори во 2013 година. Во еден од прислушуваните разговори кои ги објави тогашната опозиција, а кој судот го прифати како доказ се слуша разговор помеѓу Саш Мијалков и Мендух Тачи,  како се договараат за гласање на приговори во ДИК.

Мијалков на денешното рочиште пред судот се изјасни како бизнисмен, со две адреси на живеење. Тој на судот му ја даде адресата на Водно, каде што сега живее, а е различна од таа која што е запишана во обвинението на СЈО. Токму на адресата во скопски капиштец му беше испратена првата покана за случајот Тортура, но Мијалков не ја доби, а рочиштето беше одложено. Поранешниот член на ДИК пак, од редовите на ДПА Бедредин Ибраими во судница дојде без адвокат.

Него по службена должност судот му одредил бранител, кој Ибраими сакаше да го отповика, но судијата му посочи дека адвокат мора да има. Обвинетите во предметот на СЈО Титаник 2, кривично ќе одговараат за злоупотреба на службената положба и овластување, додека екс директорот на УБК Сашо Мијалков ќе одговара за кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание.

Видеото погледнете го на 24ТВ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e