(ВИДЕО) Мијалков се извини на јавноста и на премиерот и Владата

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков кој од неделата беше недостапен за органите на прогонот, попладнево се појави пред Јавното обвинителство за гонење организиран криминал, за, како што изјави, да го подигне решението за куќен притвор што му го одреди Кривичниот суд.

Во изјава за 24 Вести, пред Обвинителството, Мијалков рече дека вчера имал многу висока температура и им се извини на јавноста и на институциите затоа што создал непријатности.

Тврдеше дека воопшто не го напуштил Скопје, ама дека не знаел дека има распишана потерница по него, затоа што имал 40 степени температура.

„Би сакал да се извинам на целата македонска јавност заради непријатноста што се случи во државата. се извинувам на владата, премиерот, министрите, институциите.“ – рече Мијалков за тв 24.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e