Силата и угледот на ВМРО-ДПМНЕ мора да се вратат, а раководството не може да го исклучи целото членство, велат во интервју за Макфакс двајца од иницијаторите за реформи и внатрешна демократија во партијата, Александар Михајловски и Петар Богојески.
Потенцираат дека по објавувањето на прес-конференцијата, се разрешуваат активисти од партиските функции, а наведуваат и дека функционери добиваат уцени и притисоци за губење на работните места. Велат, иницијативата не е фракционерска туку реформска.
Како членови на партијата не биле информирани дека партијата го ставила партиското седиште под хипотека. Главниот мотив поради кој тврдат дека токму сега почнале да дејстуваат е фактот што партијата со 51 пратеник не успеа да формира Влада. Михајловски му одговори на Милошоски на прозивките дека се профитери и дека се повлекле во моментот кога ги загубиле „тезгите“ од партијата.