Транзинтиот камп Винојуг кај Гевгелија каде поминуваа илјадници мигранти е речиси празен. Само 13 бегалци од блискиот исток со месеци престојуваат во Винојуг очекувајки да заминат кон Европа или да се вратат дома. И додека центар е празен но и неколкупати соопштуваниот став на Владата дека нема да има населување на мигранти, ниту пак ќе се градат станови за нив, ова не ги предомисли советниците од ВМРО ДПМНЕ во Гевеглија со чии гласови се донесе одлука за одржување референдум на денот на локалните избори против населување мигранти во земјава, пренесува ТВ24.
„Според деловникот 11 гласа имавме „за“ и четворица „воздржани“ , предлог одлуката беше усвоена. Референдум за изјаснување на граѓаните на Општина Гевгелија за неприфаќање на присуство односно интеграција и населување на мигранти на територијата на Општина Гевгелија ќе се одржи на петнаесетти октомври“, вели Драги Хаџиниколов – претседател на Совет.
„Оваа стратегија не може да помине таква. Не може, после ние ќе бараме по вертикала од општините да им одобрат локации за градба. Значи не се дефинирани сите места, ама ќе ги дефинираме дополнително и ќе бараме и цело време се бара по локации кои што се побарани во сточна и југо-источна Македонија. Каква стратегија за бегалци имало донесено Макеоднија уште 2008-2015 година и се побарани локации за 20 станбени едници“, вели Иван Франгов – градоначалник на Гевгелија.
Министерот за внатрешни Спасовки уште во јуни кажа дека Владата нема намера да гради нови кампови и дека државата останува како транзитна земја. Добро упатените тврдат дека со референдумите ВМРО ДПМНЕ сака да ја дефокусира јавноста и да ги мобилизира граѓаните на емотивна основа на денот на локалните избори оти не може како партија да излезе со реални резултати.
Освен во Гевгелија одлука за референдум против мигранти на денот на локалните избори се донесени и во Штип, Кавадарци, Битола, но и скопските општини Гази Баба, Аеродром и Карпош.