Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, денеска ја отвори конференцијата „Отворено владино партнерство – дијалог со граѓанските организации за Националниот акциски план 2018-2020“.
Како што истакна тој, воспоставувањето доверба меѓу владите, граѓанските организации и граѓаните е од клучно значење за јакнење на демократијата во едно општество.
Во текот на овие два дена Министерството како одговорно за спроведување на Отвореното владино партнерство, отвора дискусија за четвртиот Национален акциски план 2018-2020. Преку промоција на идејата на ОВП и досегашните искуства во имплементацијата на претходните три акциски планови, ќе се создаде подобар акциски план за следните две години.
„Наша цел е да имаме фокусиран и конкретен акциски план, насочен кон иновативни мерки. Да не е гломазен и со голем број на различни мерки и цели, за да може и имплементацијата и реализацијата на предвидените цели да биде конкретна, мерлива и целосна“, информираше министерот Манчевски.
Целосното обраќање на министерот погледнете го во следното видео: