(Видео) Кузмановска: Со членството во ЕУ секој наш земјоделец ќе има поголем приход!

Со членството во ЕУ значително ќе се зголемат фондовите за македонските земјоделци, изјави на прес-конференција Катерина Кузмановска, пратеничка од СДСМ и коалицијата. Тоа значи повеќе европски пари за субвенции, за механизација, за повисок приход, подобар пласман со подобри цени, тврди Кузмановска.

„Олеснетиот извоз ќе значи подобар пласман на македонските земјоделски производи во странство. Со зголемување на извозот, ќе има повисока откупна цена на нашите земјоделски производи.
Земјоделците што макотрпно и вредно работат знаат што значи тоа. Секој земјоделец ќе има поголем приход по влезот на Македонија во Европската Унија“, рече Кузмановска.

Како пример во овој контекст пратеничката ја посочи Бугарија велејќи дека со влезот во Европската Унија приходот за секој земјоделец во Бугарија се зголемил 49 проценти во периодот од 2007 до 2012 година.

Кузмановска додаде дека договорот со Грција го гарантира правото на самоопределување, па граѓаните треба да го поддржат на престојниот референдум со цел земјата да стане дел од ЕУ и НАТО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e