(ВИДЕО) Костадинов: Хистеричен лидер, хистерични прaтеници, тоа е ВМРО-ДПМНЕ

Хистеричен лидер, хистерични прaтеници. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, истакна Костадин Костадинов, портпаролот на СДСМ.

„Лажеа дека се раскрчмува државата, лажеа дека е под закана македонскиот јазик и македонскиот идентитет.
Владата предводена од #СДСМ има воспоставено црвени линии и за македонскиот јазик и идентитет нe се преговара. Во НАТО влеговме како Македонци, кои зборуваат македонски јазик, таков ќе биде примерот и со ЕУ.
ВМРО-ДПМНЕ да престанат да ја манипулираат јавноста и да признаат дека работат против државните интереси и против граѓаните на Република Северна Македонија“, посочи Костадинов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e