Правда мора да има! Градењето на незвисен правосуден систем ги покажува вистинските резултати. Правната држава функционира неселектвно за сите. Никој не е над законот и секој ќе одговара за своите постапки.- ова туку што го изјави потпаролот на СДСМ и пратеник Костадин Костадинов.
Целосно ги поддржуваме напорите на истражните органи за целосно расветлување на овој случај.
Како и досега СДСМ ги охрабрува и повикува сите надлежни институци да продолжат со длабока и независна изтрага за случајот Рекет и да постапуваат согласно законите.
Очекуваме истрагата да продолжи онаму каде што водат доказите, да ги покаже доказите и никој да не биде поштеден или амнестиран.
Одговорнос мора да има без оглед на политичката и било каква друга припадност.
Обидите да се попречи истрагата нема да успеат.
Правосудните процеси за овој но и за сите други случи мора да се спроведе докрај правдата да биде задоволена во интерес на државата и граѓаните.