(ВИДЕО) Колева: Растот на извозот од 7,8 отсто е потврда дека македонската економија е стабилна и динамична

Економските мерки што ги спроведе Владата предводена од СДСМ даваат резултати кои се потврдени и со официјални податоци, изјави на денешната прес-конференција Даниела Колева, пратеничка на СДСМ.

„Според последните податоци од Државниот завод за статистика извозот во месец март 2021 година бележи раст од 7,8 отсто во однос на истиот месец 2020 година.

Ова е потврда дека денес македонската економија е стабилна и динамична и се движи во вистински правец.

Покрај раст на извозот на почетокот на годинава, раст бележи и просечната плата која во февруари оваа година е повисока за 2,7 отсто во однос на истиот месец 2020 година и изнесува 27.984 денари“, истакна Колева.
„Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев продолжува со реализација на мерки и политики кои ја помагаат домашната економија и отвораат нови можности.

Согласно економските показатели и очекувањата, во оваа 2021 година, предвидено е македонската економија да се врати на стабилни стапки на раст, да продолжи растот на платите, а невработеноста да се намалува.

Како одговорна партија остануваме посветени на градење силна, развојна и стабилна економија која носи шанса за сите.

Продолжуваме со грижа за работниците и стопанството“, посочи Колева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e