(ВИДЕО) Кој заминува – а кој ќе влезе во Собранието?

Во вториот круг локални избори, Собранието ќе работи со променет состав. Ќе има најмалку пет нови пратеници, а по завршувањето на изборите постојат шанси овој број да се зголеми на 11. Од актуелниот состав, по првиот круг, петмина пратеници станаа градоначалници, а на местото на тројца од нив ќе влезат жени со што ќе се зголеми бројот на пратенички.

Од пратеничките клупи заминува Петре Шилегов кој стана градоначалник на Град Скопје. Неговото место во Собранието ќе го заземе Татјана Лалчевска – четврта на листата од првата изборна единица.

Со победата во прв круг во општина Карпош, од Собранието си заминува и пратеникот Стефан Богоев. Во пратеничкиот состав на неговото место, би требало да влезе уште една жена, Анета Симеска Димоска од Македонски Брод.

Пратеничката функција ја напушта и Максим Димитревски, кој во првиот круг извојува победа во Куманово. Тој беше пратеник од втората изборна единица, а би требало да го замени е неговата сограѓанка Лидија Тасевска – следна на листата.

По изборните резултатите од првиот круг, Собранието ќе добие двајца нови пратеници и од четвртата изборна единица. На местото на Сашо Поцков, кој беше избран за градоначалник на Гевгелија, седнува Ристе Ташев од Неготино. Додека пак на местото на Коста Јаневски – новиот градоначалник на Струмица – ќе влезе Костадин Костадинов, кој до сега раководеше со општината.

Сепак зависно од резултатите од вториот круг на изборите, постојат шанси во составот на Собранието да влезат уште шест нови лица. Во трката се актуелните пратеници, Курто Дудуш, Благој Бочварски и Бетиане Китев од СДСМ, Јохан Тарчуловски од ВМРО- ДПМНЕ, како и Зијадин Села од Алијансата за Албанците и Зеќирија Ибрахими од БЕСА.

Престанокот на мандатите на новите градоначалници што победија во првиот круг ќе мора да почека до завршувањето на вториот круг. Согласно процедурата, претседателот на Собранието, Талат Џафери, е должен да побара список со резултати од Државната изборна комисија, за тоа кои пратеници станале градоначалници и да свика седница, на која ќе се верификуваат мандатите на новите членови на парламетот.

Инкау уште пред започнувањето на изборите пратениците Бардиљ Даути од ДПА и Билал Касами од БЕСА, и двајцата кандидати за Тетово си поднесоа оставки од функциите. На нивно место, според процедурата ќе дојдат нови пратеници од овие партии бидејќи сами побале да не бидат дел од собранискиот состав.

Извор: ТВ24

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e