(ВИДЕО) КОД: СЈО влезе во трага на парите од кинеските автопати, трагата води до…

Егзотична дестинација позната како даночен рај е островска држава до која стигнала истрага на СЈО, следејќи ги парите уплаќани за македонските автопатишта кои се градат со кинески кредити, открива „Код“ во новата емисија.

Од СЈО не коментираат бидејќи станува збор за предистражна постапка. Оваа постапка истражува како се движеле дел од парите од кинескиот кредит договорен на сума од 784 милиони американски долари.

Кредитот е наменет за патиштата Кичево-Охрид за кои се земени половина милијарда долари и за патот Штип-Миладиновци.

Истрагата, според сознанијата на „Код“ стигнала до банка на островскиот даночен рај, но за СЈО тука настанал проблем, не можеле да ја продолжат трагата на трансакциите. Ова е нова предистрага поврзана со автопатиштата. Се истражува потенцијално мито и перење на криминално заработените пари. Во судница, пак, веќе се води друг предмет на СЈО – „Траекторија“.

Повеќе од последното издание на „Код“ – во продолжение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e