
Посебна радост и огромно задоволство ми претставува што денес можам да кажам, дека со редица наши средби, разговори и активности успеавме полека, но сигурно да реализираме една идеја која потекна токму од нашата општинска организација. Идеја која се појави на работен состанок пред две години, а истата произлезе од искажувањата на работниците при нашите секојдневни средби со нив. Уште тогаш ја потенциравме потребата од измени во Законот за бенефициран стаж на работниците, особено на оние во рударскиот сектор заради нивната тешка, макотрпна работа и изложеноста на постојан ризик и опасност по нивните животи и здравје. Посебно ги поздравувам заложбите на министерката Царовска и премиерот на Влада на Република Македонија, Зоран Заев кои темелно ги разгледаа можностите, но и потребите и реалните барања на работниците и согласно ветеното во програмата за работа конечно ќе бидат реализирани измените во Законот за бенефициран стаж на рударите. Се радувам што ние, како Локална самоуправа и јас како градоначалник на општина Македонска Каменица, заедно со раководствата на Синдикалните организации при Рудник САСА, успеавме конечно да се избориме за еден навистина подобар Закон кој ќе одговори на потребите на работниците и со кој ќе бидат уредени и опфатени барањата на истите. – изјави градоначалникот на Македонска Каменица, Соња СтаменковаСо предлог измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување се овозможува на осигурениците кои работат на работни места на кои стажот на осигурување им се смета со зголемено траење да им се намалува возраста за пензионирање пропорционално на времето поминато на работа со бенефициран стаж.
Министерката Царовска по завршувањето на работната средба изјави: „Согласно ветеното во програмата за работа, Министерството за труд и социјална политика преку Владата на РМ изготви законско решение со кое рударите ќе можат да остварат право на старосна пензија и со навршување на 40 години пензиски стаж за мажи, односно 35 години пензиски стаж за жени„.