(ВИДЕО) Ќе има ли казни за огнови на отворено?

Овој Бадник без отворени огнови, да празнуваме и чист воздух да зачуваме-без коледарски огнови, се дел од апелите на општините кои годинава одлучија да се забрани доделување на дрва за оваа намена. Од град Скопје апелираа граѓаните да се воздржат од палење огнови на јавни места. Со цел да се заштити животната средина и да се спречи загадувањето на воздухот.

„Апелираме до сите граѓани да се воздржат од палење на огнови. Тоа една од мерките на градот“, вели Ваљон Салиху – портпарол на град Скопје.

Со официјално соопштение излегоа и од општина Аеродром. Годинава нема да има финансирање на бадникови огнови, велат од општината. Сличен апел  до граѓаните испратија и од општина Центар кои информираат дека нема да се издвојуваат средства за  бадникови огнови и парите ќе ги пренасочат кон ново зеленило и социјални случаи. Сличен став имаат и граѓаните кои сметаат дека ова е паганска традиција и не е карактеристична за Скопје како главен град.

„Не само за загадувањето, тоа е паганска работа“,
„Сум за, да се пали со мерка“,
„Се угушивме, нема потреба“, велат анкетираните граѓани.

Претходно и градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов за време на традиционалното собирање на бадникови гранчиња на Водно апелираше да не се палат огнови на отворено завреме на Бадник.

ТВ 24

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e