Втор ден Комисијата за политички системи го разгледува шестмесечниот Извештај на Специјалното јавно обвинителство, пренесува НОВА.
Пратениците од владејачкото мнозинство, речиси четири часа денеска можноста за збор од говорница ја искористија за лични напади и етикети врз специјалната обвинителката Катица Јанева. Присутен беше и обвинителот Марко Зврлевски, чиј Извештај е исто така на дневен ред, но тој молчешкум ја следи дискусијата, бидејќи до анализата за неговото работење никако да се стигне.
-Барам сите луѓе опфатени од притвор да се пуштат. Јас не сум за мерката притвор, само кажувам дека е различен пристапот на судот за Обвинителството за организиран криминал и СЈО. Да ви кажам, во преметот Шпион кој го застапуваме пред Апелационен суд има луѓе кои по 4 години се во притвор. Три пати бараме за секој обвинет да се пушти од притвор, Апелација одбива, рече Јанева.
Одговорите на Јанева ги следеше Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ кој нервозно дофрлаше и тропаше по масата барајќи процедурално.
За поврзани вести продолжете надолу