(ВИДЕО) Како МПЦ и ВМРО-ДПМНЕ собраа милиони евра во името на Бога

Црквата „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје, од идејата до изградбата ја следат голем број контроверзии, скандали, протести, а најновото истражување на НОВА открива сомнежи за криминал затскриен зад љубовта кон Бога.

Во ова истражување НОВА ТВ открива колку милиони евра легнале на сметката на фондацијата „Свети Цар Константин“ преку која се собираа средствата за изградба на храмот, кој ги организирал донаторските конференции и како раководството на ВМРО-ДПМНЕ е вклучено во оваа политичко – црковна афера.

Главни организатори на донаторските вечери биле поранешниот министер, Миле Јанакиески, и екс генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски, кои дури им одредувале на дел од бизнисмените колку пари да дадат. „Најдарежливи“ биле газдите на фирмите кои во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ добиваа најмногу тендери.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e