ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски продолжува да работи на штета на граѓаните и државата, изјави на денешната прес-конференција Дарко Каевски, пратеник на СДСМ.
„ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски само нешто блокираат, кочат, се однесуваат деструктивно кон секое важно прашање за државата.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со 2.000 амандмани го блокира носењето на Законот потребен за да започне изградбата на нов Клинички центар во Скопје кој ќе пружа квалитетни и интегрирани здравствени услуги за сите.
ВМРО-ДПМНЕ можеби е единствената партија во светот која се противи државата, граѓаните да добијат нов Клинички центар, прв по цели 80 години.
Ете до таму оди деструктивноста на очајниот губитник Мицкоски“, истакна Каевски.
„Разликата е очигледна. Додека премиерот Зоран Заев отвора и пушта во употреба детски градинки, спортски сали, Мицкоски го блокира пописот, и работи против градење на нов Клинички центар.
Затоа, Мицкоски е таму каде што е, во длабока опозиција, каде уште долго ќе остане, затоа што не се води од интересите на граѓаните и државата, туку од своите и интересите на раководството во Белиот дворец.
Деструкциите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ одново ќе бидат поразени, државата, граѓаните, здравствените работници, ќе добијат нов современ и фунцконален Клинички центар“, посочи Каевски.
