(ВИДЕО) Каевски: Документи потврдуваат, Данела била управител кога нејзината фирма направила долг за струја од 54.000 евра

Објавуваме уште еден документ кој го потврдува големиот скандал со фирмите на Данела Арсовска кои не плаќале струја со години односно не платиле над 54.000 евра!, изјави за медиумите Дарко Каевски, пратеник на СДСМ.

„Токму во периодот кога е направен долгот, или слободно може да кажеме кражбата на струја, Данела била управител на оваа компанија, Империал Данела а потоа Империал.

Во 2014 година ЕВН констатира кражба на струја во вредност од 54.000 евра!

А токму од 2013 година до 2014 година, била управител на оваа компанија.

Тоа е вистината која ја покажуваат овие документи“, истакна Каевски.
„Толку од чесноста на Данела Арсовска.

Не е ниту е чесна, ниту пак е независна, таа е иста како Груевски чија кандидатка е.

Ако не плаќала струја, не почитувала Договор и направила милионски долгови, јасно е дека исто ќе се однесува и со парите на граѓаните, со градскиот буџет и договорите на градот.

Тоа е впрочем одлика на кадрите на Никола Груевски. Тоа е одлика на ВМРО-ДПМНЕ кои 27 години го опустошија Скопје.

Арсовска да излезе пред граѓаните на Скопје и да каже дали има и други вакви долгови и кон кого?

Ваквото нечесно, неодговорно и недомаќинско однесување на Арсовска ќе го ценат граѓаните, кога во недела ќе и испорачаат убедлив пораз и ќе покажат дека нема да дозволат нечесни и неодговорни поединци да го водат Град Скопје“, потенцираше Каевски.
Kaevski1Kaevski2Kaevski3Kaevski4

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e