сумтемина опозициски пратеници кои гласаа за потребата за уставните измени, најверојатно утре ќе ја соопштат одлуката дали ќе формираат своја пратеничка група. Таа би дејствувала надвор од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и ќе дадат зелено светло во законодавниот дом се со цел да не застане евроинтегративниот пат на Макеоднија. Извори за 1ТВ велат дека нема враќање назад и треба да се даде шанса на процесот за спроведување на Договорот со Грција. Оваа информација денеска ја потврди и претседателот на Собранието, Талат Џафери. Очекува осумтемина пратеници да иницираат средба со него и конкретно да го објаснат барањето за формрање на собраниската комисија за национално помирување.
„Деловникот им дава таква можност имајќи предвид дека се повеќе од петмина пратеници. Но од формален аспект, ќе треба индивидуално да се изјазнат за нивниот статус апропо коалицијата во која биле. Мора да се изјаснат дека веќе не се во таа коалиција за да може да формираат пратеничка група“ – рече денеска Џафери.
Двајцата опозициски пратеници, Елизабета Каначеска Миелвска и Зеќир Рамчиловиќ, при гостување во 1ТВ потврдија дека ќе учествуваат во процесот на уставните измени.
Инаку владеачкото мнозиство очекува уште неколкумина пратеници да го следат примерот на нивните осум колеги, кои и покрај санкциите од партијата ја поддржаа иницијативата за отворање на уставот. На тоа упатува и изјавата на пратеничката Нола Исмајлоска Старова, која рече дека нема закани, напротив добива поддршка од пријателите, но и сопартијците.
