Откако солунскиот суд одобри екстрадиција за двајцата поранешни началници на УБК, Горан Грујевски и Никола Бошковски, тие беа изнесени од солунскиот суд и беа внесени во полициско комбе.
Како што ексклузивно објави Телевизија 24, Судот одобри екстрадиција за двајцата поранешни началници по што тие поднеле жалба против одлуката.
Грујевски и Бошковски беа уапсени во октомври на аеродромот во Солун при обид со лажни бугарски пасоши да заминат со авион за Будимпешта.