(Видео) Граѓански организации од Струмица направија пародија на проектот 140 градинки

Граѓанските организации од Струмица денеска направија пародија на проектот за изградба на 140 детски градинки, кој лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, го најави минатата недела.

На настанот тие кажаа дека ВМРО-ДПМНЕ ветува, а владата исполнува па оттука ја пуштиле првата од 140 ветени градинки која ја нарекоа „Трета радост“.

– Ние ќе направиме детски градинки во сите населени места, бидејќи во градовите веќе има. Ама немало деца, ќе има и деца ќе ги направиме и ќе дојдат. На границата веќе чекаат 600.000 наши повратници од странство. Овој рај во Македонија не можат да го пропуштат, нема да работат за 2.000 евра и да мизеруваат во Германија – изјавија активистите од Струмица.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e