(ВИДЕО) Граѓаните за TВ-дуелот: Мицкоски не одговори на клучни прашања од национален интерес

Поделени се мислењата и впечатоците на македонските граѓани за ТВ дуелот на премиерот Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Според дел од оние кои зборуваат пред камерата на 1ТВ, Заев поентирал, а за друг дел Мицкоски. Генералниот впечаток е дека премиерот бил воздржан, а опозицискиот лидер немал одговор на клучни прашања од национален интерес. Дел од граѓаните коментираа дека нивото на комуникација на опозицискиот лидер било прениско и се разочарани од Мицкоски.

Други пак, негодуваат што Заев не поентирал со како што велат сите криминали на претходната власт. Речиси сите се согласни дека недостасувале вакви дуели изминатите 20 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e