(ВИДЕО) Еве што вели Павле Богоевски за одземањето на мандатот на Груевски!

Процедура за одземање на пратеничкиот мандат на поранешниот премиер Никола Груевски почна минатата недела, со известувањето од судот до претседателот на Собранието. Сега Комисијата за мандатно-деловнички прашања треба достави предлог-заклучок до Собранието, каде што на пленарна седница ќе расправаат сите пратеници, објаснува претседателот на Комисијата Павле Богоевски.

-За да биде усвоен заклучокот во рамките на самата Комисија, потребно е да гласа мнозинство од вкупниот број членови на Комисијата, односно шест од десет. Но, кога тој заклучок ќе отиде на расправа на пленарната седница, за да биде усвоен, за него треба да гласаат две третини од вкупниот број пратеници, вели Богоевски.

Како што дообјаснува, не постои пратенички имунитет и сега дебатата е дали додека ја издржува казната да продолжи да биде пратеник во Собранието, а за тоа постојат две ситуации.

-Во првиот случај, доколку е пресудата казна затвор поголема од пет години, мандатот се одзема по автоматизам. Но сега станува збор за вториот случај, односно пресудата е помала од пет години и прашањето што се поставува е дали таа пресуда го прави недостоен за вршење на функцијата пратеник, изјави Богоевски.

Целото објаснување погледнете го во видео прилогот на 1ТВ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e