„Носиме нови мерки за поддршка на лозарството. Оваа година исплативме 745 милиони денари за лозарите во јануари и декември. Заедно со Европската Унија можеме да направиме многу повеќе.“ – потенцираат од Министеството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
„Со влезот во ЕУ и НАТО, македонските лозари ќе имаат сигурен откуп и повеќе приходи. Влегуваме на пазар со 500 милиони потрошувачи, 250 пати поголем од домашниот. Добиваме повисоки субвенции и нови инвестиции за развој во земјоделството“. Ова се дел од придобивките од влезот во ЕУ и НАТО кои првиот човек на министерството ги дебатира на средбите со лозарите и земјоделците на трибибините „ЗА Европска Македонија“.
