(ВИДЕО) Есад Рахиќ му понуди на Оливер Андонов „диазепам“ за да се смири

Есад Рахиќ му понуди на Оливер Андонов „диазепам“ на почетокот на жестоката дебата во емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5, како превентива да не се возбуди премногу од темата, кој е виновен за настаните од 27 април и дали делото за кое се сомничат 36-те лица од кои 24 се приведени и изведени пред судија на претходна постапка, терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата е најсоодветното дело за овие случувања.

Според Андонов, и овие лица требало да се подведат под делото за учество во толпа и дека не постоело делото кое им се става на товар.

– Освен „учество во толпа“ не постои друго кривично дело. Оние што физички напаѓаа, веќе се санкционирани, а сè друго е политички реваншизам – изјави Андонов.

Според Рахиќ, пак, надлежните си го утврдуваат тоа сигурно базирајќи се на доказите со кои располагаат. Изнесувајќи одредени факти, за кои тврди дека се вистинити, Рахиќ изјави и дека имало индиции за сторени кривични дела пропишани со членот 313 од Кривичниот закон.

– Во 2001 година имаше една слична состојба каде што се влезе во Собранието. И јас бев во тие настани, меѓутоа застанав пред вратата и не влегов. Влегување во Собрание, изразување на таков гнев, правење на такви дела, мора да биде санкционирано – смета Рахиќ.

И двајцата сметаат дека малата бројност на вчерашните протести говорат дека врвот на ВМРО-ДПМНЕ не ја ужива подршката кај членството и симпатизерите. Андонов причината за малата бројност ја лоцира и поради наводни притисоци. Рахиќ не гледа дека меѓу приведените се организаторите на овие случувања. Андонов смета дека некој преку ова обвинение иам за цел ВМРО ДПМНЕ да ја прогласи за терористичка организација.

Извор: Либертас

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e