Собранието утврди дека има потреба од нов Закон за јазиците. Дебатата ќе се отвори на денот на албанската азбука, амандмани најавија ВМРО-ДПМНЕ, БЕСА и СДСМ. Кои им се забелешките? Буџетот за 2018 година е најголем во историјата на државата – над три милијарди и 400 милиони евра и буџетски дефицит од 296 милиони евра. Пратениците ќе расправаат на 27 ноември, но што го прави Буџетот толку обемен годинава? Во Топ тема дебатираат пратениците Томислав Тунтев од СДСМ, Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ и Реџаил Исмаили од ДУИ.