(ВИДЕО) Дали Весел Мемеди ја напушти Алијанса? – Утре ќе му одговори на Села, од ДУИ молк

Весел Мемеди, за ТВ21 потврди дека утре ќе излезе со конкретен одговор околу изјавата на Зијадин Села дека тој преминал во ДУИ. Досега единствената партија која зборувала околу овој трансфер е Алијансата за Албанците. И денеска за ТВ21 од оваа партија го потврдија истото. Во меѓувреме, ДУИ  денеска беа недостапни за нашата телевизија.  Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села на средба со печалбарите во Америка рече дека како коалиција сега имаат само двајца пратеници, бидејќи едниот од 3-те пратеници преминал во ДУИ.

„Никогаш не направив коалиција со ДУИ, но проблемот беше дека не можеше да се формира парламентарно мнозинство без нас. Ние имавме тројца пратеници, сега имаме двајца, бидејќи едниот отиде во ДУИ”, рече Села.

Алијансата за Албанците како коалиција имаше тројца пратеници, Зијадин Села, Сурја Рушити и Весел Мемеди. Но оваа коалиција не траеше долго.

Самото име „Алијанса за Албанците“ стана раздор помеѓу двата субјекти, во моментот кога Села го присвои ова име и ја нарече неговата партија Алијанса за Албанците.

Весел Мемеди, од друга страна, тврдеше дека тоа име и припаѓа на коалицијата и дека не е ексклузивно право на ниту една партија, но подоцна како одговор на ова и тој се одлучи неговата партија да ја нарече Алијанса за Албанците.

ДУИ беше дистанцирана од ова, но во јавноста се појавија информации дека Весел Мемеди и близок до ДУИ, и дека ги брани интересите на оваа партија. Тој постојано ги негира овие обвиненија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e