Видео честитка од министерот Николовски: Новата 2023 нека донесе изобилство и успех на секое поле

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски упати честитка по повод претстојната Нова година.
-Во Новата Година, на сите ви посакувам остварување на сите ваши цели. Заедно да напишеме уште една успешна приказна, преточена во љубов кон животот и кон нашата земја, со сите нејзини богатства, природни убавини, храна, фолклор и традиција со кои Бог не благословил.
Во новата 2023 година нека продолжи да расте оваа енергија на позитивни вибрации и нека донесе изобилство и успех на секое поле.
Да сме живи и здрави сите!
Среќни празници! – порача министерот Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e