Просечната плата порасна во споредба со лани, а минималната плата даде најголем притисок врз растот на просечната плата, вели министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, во интервју за „Макфакс“.
„Со подигањето на минималната плата на 12 илјади денари се поттурнаа сите плати во нашата држава“, вели Царовска.
На прашањето дали и колку порастот го чувствуваат граѓаните, рече дека оној што во септември 2017 година примал 8.000 денари, денеска прима 12.000 денари, што е една третина повеќе и значи дека тој граѓанин чувствува разлика во квалитетот на живеењето.
Министерката е искрена во очекувањето дека за да постигнеме просечна плата од 30 илјади денари, потребни уште политики што ќе ја подигаат платата и што ќе го подобрат квалитетот на живеење.
На прашањето дали за две години стапката на сиромаштија може да падне да падне од 20 на 16 отсто, Царовска рече дека Владата вовела низа мерки со кои директно се влијае врз намалување на стапката на сиромаштија. „Минималнта плата ја зголемивме и тоа дава ефект врз намалување на сиромаштијата, најавивме воведување минимален адекватен приход или социјалната помош ќе биде над линијата на сиромаштија од 1 јануари 2019 година и очекуваме дека таа програма ќе го даде најголемиот ефект. Најавивме дека ќе имаме и државна пензија за оние што навистина немаат никаков приход, а се над 65 години. Сите тие мерки треба да влијаат врз намалување на сиромаштијата“, тврди Царовска.
