Според првичниот извештај на ОБСЕ-ОДИХР за вториот круг од претседателските избори јавниот сервис и останатите медиуми во земјава непристрасно известувале за кандидатите и партиите вклучени во неодамна одржаните претседателки избори 2019.
Трите дебати меѓу претседателските кандидати придонеле гласачите да се поинформирани, а речиси сите Тв канали им дале на кандидатите „споредливо медиумско време со балансиран тон“.
Според ОБСЕ-ОДИХР има два исклучока. ТВ Алфа балансирано ги покрила кандидатите, но покажала негативно покривање на СДСМ и премиерот.
Порталот Курир имал фаворизирачки пристап кон кандидатската на ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова.
Заедничко за овие два издвоени медиуми е дека газдите им се од Унгарци од Будимпешта.
