Среде летната сезона, на 18 јули, две вести од Струга стигнаа до целата земја. Дека лице од Велешта му се заканило на градоначалникот Рамиз Мерко, а потоа и дека Мерко и ги нуди на Владата сите ингеренции во урбанизмот и градежништвото.
Минатата недела во посета на Струга дојде комисија од неколку институции и експерти кои се задолжени за спроведување на препораките на УНЕСКО. Како домаќин и надлежен за градбите и урбанизмот ги придружуваше градоначалникот Рамиз Мерко.
Групата го разгледуваше крајбрежјето. За секоја забелешка, како овој монтажен објект за кој се сомневаа дека е диво поставен, го прашуваа градоначалникот и му сугерираа што треба да се направи. Мерко добиваше и забелешки, затоа што до патот покрај езерото е истурен камен, што ги штити блиските имоти.
Да ама тоа не значи дека цела обала треба да е бетонирана со ѕид.
Не, ама ѕидот не му смета. И тоа е природен ѕид.
Не е толку природен.
Каменот е природен, од тука е.
Да ама природно е и вака да заплиска убаво во песок.
Ова е наша негрижа, го фрлаа кога се правел патот…
Дел од комисијата му сугерираше на градоначалникот и дека не е решен проблемот со подземните води.
При надоаѓање на самите води од реките погледнете кој дел би бил
поплавен…
Нема такви работи повеќе, Дримот е уреден…
Ова е за подземните води…
-Во ред е и тоа…
-И ова е за самото крајбрежје од самото езеро…
-Од подигање на нивото поплавува на плажи
Рековме дека е потребно самата нивелација да се ревидира…
Имаме проблем со чистење на коритото на Дрим. Таму има испусни канали. Тие сите се запушени 40 години муљот се таложи. Ќе видиме дали можеме оваа година да го исчистиме за да го санираме градот да не лежи во вода.
Попатно нотираа и дива платформа.
Што ќе добие со овој метар и пол во вода?
Е затоа езерото му го одзело.
За дел од платформите во езерото, кои ги регистрира и комисијата, Мерко вели дека ќе бара решение. Го прашавме – дали ќе се уриваат сите?
Мислам не сите. Особено каде што е употребено повеќе
железо и покриви од железо итн. Да биде нешто од дрво или од природен производ. Да биде на некој начин еколошки заштитено езерот, изјави градоначалникот на Струга Рамиз Мерко.
Согласно препораките од УНЕСКО, од Струга се бара до февруари да ги направи следните задачи:
- мораториум за градба, кој веќе е донесен на 15 август 2019
- отстранување палми и билборди
- чистење на диви депонии во заштитениот појас
- детален попис на дивоградби
Последниот регистар на дивоградби кој Струга го доставила до Министерството за транспорт е од 2016 година, кога имало 3200 нелегални објекти. Но, колку од нив се легализирани, нема податок. Градоначалникот Рамиз Мерко за „360 Степени“ тврди дека ниту една од дивоградбите не е во крајбрежниот појас.
Нападите беа дека во Струшкиот регион се сите узурпации, сите диви градби. Испадна дека ние во заштитената зона немаме ниту една дива градба.
Како тоа испадна?
Така испадна дека нема, значи сите беа шпекулации… Сите диви градби излегоа во Охрид. Значи 409 во заштитена зона, а Струга нема ни една.
Ама кај вас нема бројка, не ви е готов регистарот.
Ама нема еве нема, воопшто нема.Кај нас е почитуван законот за градба во целост и секој кој има градено има соодветно одобрение издадено од страна на општина Струга. Тие што се две, три или пет, што не се во заштитена зона, се во внатрешноста или во руралните средини, тоа е сосем друга работа.
Епа колку се такви?
Епа еве се евидентираат па ќе видиме, вели Мерко.
На прашањата за другите обврски, Мерко ни даде идентичен одговор – се ќе се реализира на време.
На подолг рок, Струга има и други, многу потешки обврски.
- затворање и санирање на градската депонија во текот на 2020 година
- оцена на влијанието на дивоградбите до јули 2021
- уривање на дивоградбите, по завршување на оценка на влијание
- ДУП за крајбрежниот појас – по донесување на Планот за управување
- враќање на коритото на реката Сатеска, до 2025 година
На сето ова треба да се додаде и обврската за зајакнат надзор над палењето на трската и спречување на нови дивоградби, што треба да се прави постојано.
Од комисијата за управување со Охридскиот регион велат дека ги знаат критичните точки во Охрид и во Струга. Посетите на терен ги користат за да ја утврдат фактичката состојба и да проценат каде може да се најде компромис.
-Ни едно светско наследство не е идеално како што би сакал УНЕСКО или како што се сите негови норми. Најзначајното и најбитното е сочувување на исклучителните вредности кои што се препознаени. Чистотата на езерото, заштитата на природата, заштитата на сите вредни сегменти од природното наследство, заштитата на староградската архитектура, заштитата на оние јадра во Охрид и за жал веќе изгубеното јадро во Струга од која што останаа само неколку куќи, се оние вредности кои што ние треба да ги чуваме. Не бетонирани, не замрзнати туку да им се даде одржлив развој, одржливо опстојување на сите тие објекти,изјави претседателот на Комисијата за управуавње со Охридскиот регион.
Покрај Охрид и Струга, со околу два километри крајбрежје, обврски кон УНЕСКО има уште една општина. Можеби е помалку познато за
јавноста но и еден мал дел од општина Дебрца спаѓа во Охридскиот регион под заштита на УНЕСКО. За разлика од Охрид и Струга овде дивоградбите не се проблем. Има регистрирано само една во крајбрежјето. За единствениот објект покрај езерото што таму го регистрирале како дивоградба во моментов се води постапка за легализација.
Градоначалникот Зоран Ногачески признава дека речиси сите куќи во општината се дивоизградени, бидејќи нема урбанистички планови, но тие не се во крајбрежниот појас и не се проблем за
УНЕСКО. Сепак, општината направила регистар на дивоградби и го доставила до Mинистерството за транспорт.
-Инаку кај нас можеби поголем проблем е третирањето на отпадните води. Ние како општина работиме. Во неколку населени места завршивме со канализации, меѓутоа ни остануваат уште две-три села кај кои што водите одат директно и се најблиску до Охридското езеро. Сигурно дека тука ќе треба и државата да ни помогне да ги завршиме тие системи за третман на отпадните води. И секако она што е заложба, а веќе и одлука на Владата да помогне со финансиски средства за реконструкција на колекторскиот систем за заштита на Охридското езеро,вели градоначалникот на Дебрца, Зоран Ногачески.
Ова е семафорот што го објавивме во минатата емисија за нивото на исполнетост на обврските пред УНЕСКО. Со зелено се обоени задачите што се завршени, со жолто – оние за кои е почната реализацијата, а со црвено – обврските што допрва треба да се остварат. По една недела семафорот треба да претрпи една измена – уривањето на дивоградбите почна, па од црвено сега треба да се обои во жолто, се до целосно завршување на задачата.